ЛАСЕР
Ласерско сликарство е компјутерски контролирана техника со која преку различни дизајни, слики, линии, текст итн. може да се гравира материјалот.
Оваа техника исто се нарекува и ‘ painting in denims’, сликање на деним.
Ова е проследено со горење на површинскиот слој на материјалот, со што добиваме принт,
Или дупчење на материјалот според дизајнот, со што добиваме апликација со исечени мотиви.
Тоа е еколошки и економски процес .
Овој систем има голема предност во стругањето на деним производите, правењето на ‘мустаќите’ на фармерките, како и used ефектите.
Продуктивноста е голема, работната површина е 1,20м х 1,20м , со што овозможува целосна ласерска обработка врз готова панталона.